https://www.facebook.com/AlposSkopje/photos/bc.AboyRx4QN16zIZXiQqROpiZcTEmM-Ob_MR13zzIFJyhOL54Dk93o2wRzYrSwHdT_VbEfacuCufsxXMj1s-PJLdpA2mS-AIV_osGrjDepLlfe1exL8WuANLGP7gqrS_0N9yZLvQZYf29uNHIQJT-HhQ2qOrPJTmkMjjmLat-zH-gvfw/1759836144312579/?opaqueCursor=AbpwQ7an0a6U3oY8JnySvojiuGfQdKHs-GwpIT8U37Ue1Gp4O-wl9isNX-uvzTWGSsdXQ6wpFllq_xxQtia-VNCfsqr12XE1VYXoBJPHYiQ5ILcYYwaYahWKSqNfdhzumbwErtOulkGWkcWQm1wIGRfgpVaJoAQdacjLW7VzHbhzZXlIW5OE_6Wu82xT4_waVEROH2Up7knH-9FHmsCa9HaOQUdChKRA8F3lyvCXTTedIAkUzYDggLtqDdkJD6FWAmvPD5Q6vH9sn1adIBBqi6BB_WGfobt5WM6rOwg_RZcFEFZoIhV6cI_tlStNOr16_m8EgJ2ixkEXEm6P514HgooKD3qvL_-yt01x4ojxtMQipD_oP5g__VIEbdUr_I4xmzvCq9s5MCujPDU_Ft1gu7Tgi69FL1rftw8C4ayvyRGn4XQ-pI_9wTFAkkD-TGM4x_2CeMxswzONBKmTKU2wekCvyp3PWvLC_LH2e8Qnqr7Plcr9VdymIg432Le09jBvj-szzxTt7mJuvk4DbtaU-9eSHBCelZDL93lBqeasSvmFM2R2hYLCeQrDdd5whLNF4HbhL1HGrF5ho1Y_1bDJ0ciL

27.09.2022 Скопје

Министерството за надворешни работи информира дека се уште важи апелот до државјаните на земјава, доколку се во можност, да ја напуштат Русија, упатен на 28 Февруари, кога беа воведени рестриктивните мерки кон Москва, како одговор на руската инвазија на Украина.

Министерството за надворешни работи ги повика нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација да ги искористат расположливите комерцијални летови и копнени линии за напуштање на земјата.

Во соопштението на МНР беше наведено и дека ги повикуваат сите државјани на Северна Македонија, кои во престојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.

Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека за поддршка на државјаните на земјава кои се наоѓаат во Русија на располагање се телефонските броеви во нашата Амбасада:
– фиксен: + 74 99 124 33 57;
– мобилен: + 79 58 643 34 63;
како и и-мејл адресите:
– moscow@mfa.gov.mk
– olivera.dimovska@mfa.gov.mk.

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број + 389 75 273 732 и следната и-мејл адреса: globalsos@mfa.gov.mk.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи од февруари 2022 година се додава граѓаните, кои се наоѓаат во или надвор од нашата држава, да ги следат и да се информираат само од официјалните страни на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author