https://www.flickr.com/photos/pustovit/14416291098/in/photolist-nXVg65-AAfdCP-5wd6sA-48qrAW-Jyg8cS-2aVy2Ef-braDy2-EwD6mF-nuaiMs-2hHkmXG-2jmNZHN-2j4Kq6F-6iXdY6-8EEFs1-6wZGjg-2iy36Kj-6fKFVh-x1WP2V-6eDY8D-7mTaC4-bk6485-2hc2D4r-r1wGt-aoE3dH-4grYBk-8R8ZhG-8z7t4W-8TMPM5-bte6Fw-oQT1tf-kgLZ-82W7p6-3iEMuY-7Csxfs-2BTVX4-dueTRJ-7wBWN3-7zvWe2-gPoMAN-7knESv-8o2Hi2-gK7V6K-pXcRi4-ezkJzo-5uxWWU-8H2TW3-9EsJcW-84GhQq-dopNef-7BVeuo

19.09.2022 Скопје

Регистрацијата на карцином во Северна Македонија е на незадоволително ниво, поради тоа се уште не постојат конкретни податоци околу точниот број на заболени од гинеколошки карцином во државата.

Ова било истакнато на прес-конференција по повод Светскиот ден за гинеколошки карцином, кој што бил одржан во Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје, а на која учествувале еминентни доктори, меѓу кои и професорот д-р Глигор Тофоски од Медицинскиот Факултет во Скопје, Жан Калеја Агуис од Медицинскиот универзитет од Малта, проф. Шерон О’Тул од Даблин и проф. Клејда Харасани од Албанија.

Професорот Тофоски рекол дека очигледно е потребна системска активност со цел да биде решен проблемот со регистрацијата на заболените во Северна Македонија.

Калеја Агуис од друга страна пак истакнала, дека во земјите кои се економски не доволно развиени, пристапот кон ретките гинеколошки карциноми е многу потежок. Стручни лица информираат дека овие болести се јавуваат повеќето кај млади жени и девојки, и тоа дури и пред да настапи пубертетот, и според Агуис тоа претставувало уште по тежок проблем во односот на дијагностиката и справувањето со болеста.

На глобално ниво приближно 18,5 милиони жени годишно се заболени од гинеколошки карцином, а скоро на пет минути згаснува живот на една жена која е заболена од оваа болест. Според стручните лица ова е алармантна бројка и треба да се осврне на подигнување на свеста за важноста и грижата за репродуктивното и сексуалното здравје за секоја жена.

Во период од 18 Септември до 20 Септември, Македонското лекарско друштво и Младата асоцијација на гинеколози и опстетичари ќе бидат организатори на меѓународна работилница наменета за доктори и специјализанти од повеќе медицински области.

Во рамките на работилницата ќе се одржи и виртуелна промоција на книгата „Telemedicine in Therapeutic Assistance particularlu in Oncology“ која е во соработка со Медицинскиот универзитет од Болоња, Италија.

Подготвено од М.Н.

About Author