https://www.facebook.com/photo?fbid=490673053071011&set=pcb.490682703070046

27.09.2022 Скопје

Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, се обрати на конференцијата за Југоисточна Европа на тема Човечки капитал, миграција и како да ја обликуваме иднината заедно, во организација на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД.

Во своето обраќање, Битиќи ги потенцираше увидите од Студијата за миграција на трудот на Западен Балкан: мапирање на шеми, решавање предизвици и искористување на бенефитите. Битиќи истакна дека ваквите извештаи им помагаат на нив, креаторите на политики, да создадат квалитетни политики, а овој пат целта се младите.

Собранието ја усвои новата Резолуција на миграциски политики и акцискиот план за 2021-2025 година за државата, во декември 2021 година.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, изјави дека имаат спроведено реформа за Дуалното образование со цел да обезбедат поголема флексибилност и одговорни стручни училишта, кои ќе одговорат на потребите на работодавачите и пазарот на трудот, истакнувајќи дека атрактивноста на стручните училишта и обука е подобрена, што се гледа во зголемениот број на учениците во стручното образование.

Владата верува дека инвестирањето во иновативни и старт-ап компании ќе обезбеди можност за младите луѓе во државата и ќе ја намали економската миграција.

Битиќи, и покрај создавањето на стабилна економска средина, добри економски политики што може да помогнат во градењето атрактивна и предвидлива деловна средина, смета дека сето ова сепак не е доволно, а тоа го покажува и извештајот.

Во врска со миграцијата, Битиќи порача да не се задржуваат младите, туку да им се дадат крила, да им се создадат можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време, ќе ги направи доволно конкурентни за светот. Воедно, истакна дека она што мора да се направи е да не се избегнуваат нашите проблеми, туку да се стави фокус на нив и да се зборува отворено и најважно, е во дијалогот да се вклучат и младите, објаснувајќи дека токму тоа е она што оваа нова генерација го бара од државата. Битиќи нагласи дека е импресиониран од силата на младите, како и од чесноста и храброста да кажат на глас се што веќе не им користи или со што не се задоволни, но уште повеќе, да кажат што е она што сакаат.

Битиќи изјави дека е горд што може да каже дека имаат почнато да ја креираат Националната развојна стратегија, која е долгорочна визија за 20 години одржлив развој и раст на нашата земја и во процесот на нејзиното развивање со влучување на сите, трудејќи се да го направат процесот инклузивен, особено за младите луѓе. Воедно, изрази надеж дека заедно со младите успешно ќе се создаде оваа визија.

На крајот од своето обраќање, Битиќи истакна дека земјите од Западен Балкан, го споделуваме истото минато, а истото важи и за нашата иднина, потенцирајќи дека треба преку взаемна соработка, да се зголемат нашите предности и да се искористат како конкурентска предност за регионот, и сето тоа додека чекориме право кон Европската Унија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author