https://www.facebook.com/photo.php?fbid=603151654591545&set=pb.100046901475375.-2207520000..&type=3

05.09.2022 Скопје

Агенцијата за млади и спорт е подготвена да ги помогне идните подвизи на младиот македонски пливач Марко Пејчиновски. Младиот пливач Марко, остварил средба со директорот на АМС Наумче Мојсовски, по што Агенцијата одлучила да му помогне во подготовките на неговиот следен подвиг.

Мојсовски искажал подготвеност и помошта ќе биде еднократна или на месечна основа, во зависност од потребите на Марко.

За реализирање на годинашната цел, да исплива 250 километри со 10 препливувања, Пејчиновски кажал дека со подготовки почнал на 15-ти октомври 2021 година, каде во период од три месеци неделно препливувал по 60 километри.

Првата делница била Радожда-Охрид, по што следувале уште девет препливувања и на крајот завршил со делницата Охрид-Струга, каде од дозволени 10 минути, Марко одморил само четири минути, по што продолжил кон Свети Наум со пауза од шест минути и повторно се упатил кон Охрид, со оваа траса Марко вкупно испливал 64 километри.

На Марко му останува да постигнувал резултати, а Агенцијата е тука за да му дава секогаш најсилна поддршка, известија од Агенцијата за млади и спорт.

Подготвено од М.Н.

About Author