https://www.facebook.com/photo/?fbid=10220302170847081&set=ecnf.1313171104

22.09.2022 Скопје

Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека руската агресија врз Украина ни има докажано дека, за жал, мирот на никој не е загарантиран и не е даден еднаш засекогаш и дека меѓународниот поредок кој е заоснован на правила може секогаш да биде оспорен.

Министерката Петровска оценила дека НАТО останува посветено на одбраната на секој метас сопствена територија и одвраќање на други земји од непријателски дејствија.

Министерката на конференцијата на тема „Редефинирани приоритети“ и „Нови реалности по украинската криза“, во организација на Универзитетот Американ колеџ и УНХЦР порачала дека и покрај бројнте механизми преку дијалог и дипломатија, неможат да се спречат едностраните одлуки кои носат насилство и уништување.

Историјата од поблиската иднина има покажано дека единствениот пат кон конечно решение е дијалогот кој што мора да ја добие својата шанса. Изнудените и насилни референдуми кои се најавуваат дека ќе бидат одржани во окупираните делови на Украина, не се никакво трајно решение, затоа е неопходно да се најде начин за дијалог и војната да биде решена на диплонатски начин, кажала Петровска.

Во контекст на безбедносните предизвици, Петровска порачала дека листата е многу голема и комплексна, енергетската зависност, зависноста од други ресурси, ценовните шокови, но и сајбер и хибридните закани на кои се изложени и држави од регионот кои се и членки на НАТО.

Подготвено од М.Н.

About Author