12.09.2022 Скопје
Министерството за правда изјави дека планира во наредниот период да поднесе нови барања за екстрадиција на Никола Груевски, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.
За Никола Груевски од Министерството за правда, досега е испратено едно барање за екстрадиција во Ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од Јуни 2019 година. Официјални одговори од Косово со кои ја имаат одбиено екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени до сега два пати, односно во Февруари 2016 година и Октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од страна на Косово во Февруари 2016 година.
Апелациониот суд во Скопје, има донесено пресуда со која ја потврдува првостепената одлуката за случајот „Монструм“ со која Алил Демири и Африм Исмаиловиќ правосилно се осудени на доживотна казна затвор.
За овие две лица Министерството за правда повторно ќе поднесе ново барање за нивна екстрадација и одлежување на казната, односно дозивотен затвор за случајот „Монструм“.
Подготвено од М.Н.