
06.09.2022 Скопје
Министерот за здравство, Беким Сали, го коментираше протестот на матичните лекари, и изјавил дека пациентите не треба да се жртви на одредени задоцнети политики. Измени во системот можат да се направат преку разговори, а не преку штрајк, во кој за жал само страдаат пациентите, и според министерот Сали не станува збор за протест, туку за штрајк со тридневно изразување на револт кон политиките на Министерството за здравство.
Протестот на Здружението на приватни лекари започна вчера, а ќе трае до утре. Тие одлучија преку мирен протест да побараат зголемување на капитацискиот бод, електронското здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите на специјалистите и лабаратории за руралните амбуланти, како и да не се затвараат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години.
Лекарите кои се вклучени во протестот најавија дека нема да издаваат упати и рецепти, а додека трае тридневниот протест ќе примаат само хитни случаи на пациенти.
Подготвено од М.Н.