01.09.2022 Скопје
На стартот на новата учебна година министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, посочи дека уште не е избрана фирма која ќе ги печати учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение. Постои надеж дека учебници ќе има пред крајот на второто полугодие ни ништо засега не е сигурно. До учениците од другите одделенија се доставени учебниците за предстојната учебна година, а за учениците од прво до петто одделение за да немаат товар на нивниот фамилијарен буџет, има подготвителни материјали кои се доставени навремено, додека да бидат испечатени учебниците, изјави министерот Шаќири.
Тој на прес-конференција посочи дека постапката за печатење на книгите за четири предмети, кои сега ги нема, меѓу кои се и за македонски јазик и математика е започната на време. За материјалите кои се делат на учениците, а треба во прво полугодие да ги заменат учебниците, министерот за образование и науки додаде дека тој материјал е подготвен според учебната програма која е предвидена да се изучува.
Подготвено од М.Н.