https://www.facebook.com/photo/?fbid=627304502099826&set=pb.100044608441941.-2207520000..

08.09.2022 Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември. Министерот зборувал за сите предизвици кои ги имала државата во овие 31 година, и изјавил дека е горд на развојот на државата и да се продолжи мудро со вложувањето во мислата да се изгради слободна и самостојна држава, бидејќи тоа го посакувале нашите предци кои што ги имаат дадено своите животи за државата.

Денеска може да се каже дека изградена е држава во која има сигурно место за секој граѓанин, со нови инвестиции, нови технологии, изградена е држава во која владее правото неселективно, посочил министерот Спасовски.

Според министерот, исполнета е највисоката државна стратешка цел, а тоа е членствотo во НАТО, а на последен чекор е и до исполнувањето на втората по големина цел, односно успешни преговори со Европската Унија, за полноправна асоцијација за европското семејство.

Министерот Спасовски на својот официјален фејсбук профил напишал дека само доколку целиот народ е обединет, ќе бидат исполнети потребите на Северна Македонија, ќе бидат донесени мудрите одлуки и притоа само со заедничка поддршка ќе се гарантира сигурноста на секој еден граѓанин во државата.

Честит и вековит да биде 8 Септември, да живее Република Северна Македонија, стои во честитката на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Подготвено од М.Н.

About Author