19.09.2022 Скопје
Советничката на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, потврди дека во текот на утрешниот ден Додик ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Советничката Ана Тришиќ-Бабиќ истакна дека очекуваат да се разговара за сериозни економски прашања, за кои денес разговараат сите сериозни политичари, како да се помине оваа зима, пролетта и следната зима. Според Бабиќ, престојната средба во Москва е продолжение на разговорите што почнаа на Економскиот форум во Санкт Петербург на крајот на јуни. Воедно, истакна дека една од темите на состанокот ќе биде енергетската ситуација и како Република Српска да помине што е можно подобро во сето ова што се случува, а ќе има и дискусија за тоа до каде се стигнати со проектот за гасоводот од Србија до Република Српска.
Бабиќ истакна дека Русија секогаш нагласува дека ја поддржува дејтонската Босна и Херцеговина во нејзините граници, почитувајќи ги трите конститутивни народи и два ентитета.
Подготвено од А.Ѓ.