https://www.facebook.com/photo.php?fbid=516740593142390&set=pb.100044193621427.-2207520000..&type=3

27.09.2022 Скопје

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на денешната владина седница, порача дека се што имаше Грција да каже, јасно го кажа во ОН, и за нејзините црвени линии и за пријателското расположение кон турскиот народ, а другата страна може монотоно да ги повторува своите лаги и закани и во тоа останува сама.

Во врска со односите и ставовите на Турција, Мицотакис истакна дека Грција останува смирена и со самодоверба во своите позиции усогласени со меѓународното право и со поддршката на сојузниците. Мицотакис на Турција ѝ порача наместо потпалувачки зборови, конечно да изберат креативни постапки и да го изберат патот на суштински дијалог, затоа што наспроти нив не ја имаат само Грција, туку ја имаат цела Европа, како сојузниците во НАТО.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author