05.09.2022 Скопје
Лидерот на опозициската партија во Северна Македонија, Христијан Мицковски, на вечерашниот брифинг со новинари, изјавил дека немал доверба во намерите на официјална Софија.
Мицковски кажал дека имал доверба во официјален Париз, во официјален Брисел и во официјален Берлин и дека верува во нивните намери бидејќи биле чесни и дека го мислеле најдоброто за Северна Македонија, но во намерите на официјална Софија воопшто немал доверба и никој не можел да го убеди во спротивното.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјавил дека тоа се покажало во изминатиов период, дека и покрај добрата намера на многу еврокомесари кои што дошле и ветувале се и сешто, за жал секогаш имало по некоја официјална Атина или официјална Софија, кои што барале од нашата држава да направи некаква отстапка за да ни ветуваат некаква си европска иднина, но тоа нема да се случи наскоро и лидерот Мицковски поради тие причини не верува на официјална Софија.
Подготвено од М.Н.