https://www.facebook.com/photo?fbid=184236737508889&set=bc.Abo4s0pn-dQTTzZQ9ZhA96i-wpbVzAm5Sa9Xb5GZ69yJUZ8gyhxsvQeGZXw4erquUFg-HTIwXgGwmHFqP4aXmC0jK1jLjgeO6p3IkbHBz2pmdXrvRg-odApsIUaxHwS-wfuwXaU-RpMPYglUDfySRbXq&opaqueCursor=Abof5rscSG2VxczzfkA2cQlM7B06dTMT_TH4H-AGVelEI540D2E9AN_DQNy6ayKlLKKFrulI8Tvpb9SQ9F3Q6GfPYQDRBmvUt4zANL7kKO1BytfA8VHOJ1iUxbG-YylOPFDPTd2OuWJmEp5-H6ZpyPEPpSRh85FHqmZfCztw_Uixtu6dmRrZBirpFE_rLGPOMoQo8sAi7mZzTRois64418B6tFo4Nn2zp4N7ErMUUeNcRVGU9om6OgdOVbDP3iATXiF8FuTU5JY2zbEM2kXy8NqzmFY0MapG52--1Tmrv9hjHcWPWH4IWHlf-BRot0eiXrYz2Dy1YYlJqBddaTFXheCGLxdM1K86YFOyCYBzNJmHCjRn64HNIwFMON4SCbsuym1mkE4QPsLSC14lDEDIysn-0uKSSGDLjxKyiQ-_uE97K6kyaYFXaYze7bFKRoiL2xxvCCC8_EdF0Yr3C1Ud9uwkcc9BEkLMLaY9nHr6o6vNN7MOA_D08xGciwoTjQU_8ufwWjHuXXt2Nd9Th3gD0RH_Tk51F-aIW1gVjb05A1GMFwc6vO9htxl5Q1qHLFDyxbtllKwSSoypsTmk-Dr33HGgEN-xnOd0_T6KWn6qDQ43T9Vlm0EeTZpvqmrsj061Up2e9nwNjrdl0O5N__ErSZIuqdQqpC3J-I9jIHqZzc8aF91Ae2aewJ9yLZmOgvgzdFE

28.09.2022 Скопје

Ангела Меркел, поранешната германска канцеларка, предупреди дека се што зборува рускиот претседател Путин треба сериозно да се сфати.

Во својот говор на свеченото отворање на фондацијата „Хелмут Кол“, Меркел нагласи дека тоа експлицитно се однесува и на нуклеарните закани на Путин. Воедно, додаде дека треба зборовите да се сфатат сериозно, да не се отфрлаат како блеф, туку Европа сериозно да се соочи со нив, објаснувајќи дека тоа не е знак на слабост, туку доказ за политичко паметно дејствување.

Поранешната германска канцеларка истакна дека Хелмут Кол би направил се за да ги зачува и заштити суверенитетот и интегритетот на Украина, но никогаш нема да го изгуби од вид „денот потоа“.

Меркел, по напуштањето на функцијата, кажа дека нема да коментира дневно-политички прашања, па затоа сега својот став го „исфилува“ во одговор за тоа како канцеларот Кол би одговорил на кризата во 2022 година. Исто така, додаде дека Кол паралелно секогаш ќе го земел предвид и тоа што во моментот изгледа незамисливо, а тоа е како да се обноват односите со Русија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author