21.09.2022 Скопје
Меѓународниот ден на мирот, познат и како Светски ден на мирот, е празник одобрен од Обединетите Нации, кој се одбележува секоја година на 21 Септември. Овој ден е посветен на мирот во светот, и особено на отсуството на војна и насилство, што може да биде резултат на привремен прекин на огнот во борбена зона за пристап до хуманитарна помош.
Денот за прв пат бил прославен во 1981 година и го одбележуваат многу нации, политички групи, воени групи и луѓе. Во 2013 година, генералниот секретар на Обединетите Нации денот го посветил на образованието за мир, клучното превентивно средство за одржливо намалување на војната.
Професорката Билјана Стефановска, од Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, порача дека мирот е то којшто не зближува и којшто е клуч за слободата. Воедно, професорката Стефановска порача да се сакаме, да се љубиме е единственото нешто што може да го направиме во мир.
Од Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ информираа дека веќе една недела во училиштето се спроведуваат активности по повод Меѓународниот ден на мирот. Во активностите учествуваат ученици од сите националности, кои се дружеле, играле, пееле и се сликале, но и изработувале пораки на мир.
Професорката Стефановска, околу свеста за соживот кај младите, смета дека младите од многу националности живеат во заедништво и слога, со што покажуваат дека се најсилни. Воедно, истакна дека на младите им е потребно само некој да им покаже и да ги насочи, и тие самите низ дружба и активности ќе покажат дека разликите спојуваат и дека тие се клучот за нашето заедништво.
Подготвено од А.Ѓ.