28.09.2022 Скопје
Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во својот кабинет го примил младиот пливач Марко Пејчиновки, кој бил придружуван од директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
Ковачевски му ги честитал на Марко Пејчиновски досегашните пливачки успеси, и упатил порака дека Владата преку Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги поддржува младите и успешни спортисти кои силно го промовираат спортот во Северна Македонија.
Како знак на признание на Пејчиновски кој и покрај ретката болест постигнува извонредни пливачки резултати, премиерот Ковачевски му ја врачил одлуката за стипендија која е во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите“.
Со оваа одлика на овој млад спортист, укажана му е почит и благодарност за неговиот личен пример на пожртвуваност и високи спортски успеси кој Пејчиновски ги посветил на подигнување на свеста за лицата со ретки болести.
На средбата било разговарано и за идните спортски и професионални планови на младиот спортист и за заложбите на Владата за вложување на модерна, безбедна и пристапна инфраструктура, за да може да се развие спортот на ниво со светските стандарди.
Подготвено од М.Н.