https://www.facebook.com/photo?fbid=523147263148027&set=pcb.523147546481332

28.09.2022 Скопје

Денеска, премиерот Димитар Ковачевски во својот кабинет го прими младиот пливач Марко Пејчиновски, придружуван од директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Премиерот Ковачевски му ги честиташе на Пејчиновски досегашните пливачки успеси и упати порака дека Владата преку Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги поддржува младите успешни спортисти, кои се силни промотори на спортска култура во државата.

Пејчиновски и покрај ретката болест постигнува извонредни спортски резултати. Премиерот Ковачевски како знак на признание на младиот пливач му ја врачи одлуката за стипендија во износ од 200 000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите“.

На Пејчиновски му беше укажана почит и благодарност за неговиот личен пример на пожртвуваност и високи спортски успеси, кои Пејчиновски ги посвети на подигнувањето на свеста за лицата со ретки болест.

Последен спортски успех на Пејчиновски е препливувањето на делницата од 64 километри на релација Охрид – Струга – Св.Наум – Охрид.

На средбата беше разговарано и за идните спортски и професионални планови на младиот спортист и за заложбите на Владата за вложување во модерна, безбедна и пристапна спортска инфраструктура наменета за рекреативни и професионално спортување, со цел да го развиваме спортот согласно со светските стандарди.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author