16.09.2022 Скопје
Пред почетокот на објаснувачкиот скрининг во Луксембург за поглавјето Статистика, вицепремиерот Бојан Маричиќ заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и државната секретарка на Секретаријатот, Абдиу Халили, одржаа состанок со заменик генералниот директор на Еуростат, Гало Гије.
На состанокот се разговарало за подготвеноста и активностите на Државниот завод за статистика да одговори на идните предизвици за пренос на податоците во Европскиот статистички систем.
Бојан Маричиќ изјави дека статистичките податоци ќе бидат важен дел од преговарачкиот процес, бидејќи ќе треба да се покаже како се применува усогласеното законодавство во пракса. Воедно, нагласи дека Македонија по две децении успеа да спроведе успешен попис на населението, според Методологијата и стандардите на Еуростат.
Подготвено од М.Н.