02.09.2022 Скопје
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ, после одржаната билатерална средба, дадоа изјави во кои најавија дека соработката помеѓу Северна Македонија и Србија ќе се интензивира во делот на евроинтеграцискиот процес, во пресрет на почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската унија и преку нови проекти поддржани од европските фондови.
Вицепремиерот Маричиќ кажа дека со задоволство ја прифатил идејата на српската колешка Јоксимовиќ, да се направи меморандум за соработка во делот на евроинтеграциите, бидејќи ако работиме заедно ќе моземе да напредуваме побрзо и да имаме подобри резултати за нашите граѓани.
Маричиќ и Јоксимовиќ констатираа дека ќе продолжи регионалната соработка уште поинтензивно, како соседи, се во интерес на економскиот просперитет, намалувањето на последиците кои ги носи овој тежок период.
На средбата беше разговарано и за важноста на почетокот на преговорите на Северна Македонија со Европската унија, предизвиците со кои државата може да се соочи во тој процес, за поддршката и размената на искуства кои ги има Србија, како земја која преговара 8 години, и интензивирање на регионална соработка во пресрет на зимата која доаѓа и заедничкото делување против последиците од енергетската и безбедносната криза.
Вицепремиерот Маричиќ оваа средба ја реализираше во рамките на посетата на првиот Меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград кој се одржува од 1 до 4 Септември.
Подготвено од М.Н.