https://flickr.com/photos/love_79/4490345241/in/photolist-aV8gLt-7QNccx-2n2d9t6-G4s3dj-25jFJJt-26QBXXG-dnjgBH-2j5ujMZ-9Skdt2-2UNw3e-6aFtTn-8Qribs-aV8h3P-a7rmzJ-a7rmuE-yA8V6-2sdmmS-4Kyovw-2iU1J1d-6jxT3K-895SHe-9MDzBZ-9MGouC-6i8VPH-7LPy87-7XbZYM-a3zwjp-8Azobf-8t3GM5-5kcAnQ-aYqFW4-6x7zrG-4r8uGm-8Qike6-gysiCf-dR6uVv-buqFiA-QUFPmc-5RcMPR-5F8vro-9Npuzq-5AXWA2-uK52W-8XEeE6-r7g8s4-5AJQAi-qPJ88E-2kZQ4yd-5AXZG4-NU9EWB

05.09.2022 Скопје

Сопствениците на англискиот фудбалски клуб и премиерлигаш, Манчестер Јунајтед, сака да го продаде клубот за околу 4,4 милијарди евра.

Според сопствениците ревизијата на клубот покажала дека Јунајтед вреди толку во овој момент, и купопродажбата би можела да биде финализирана до крајот на оваа година.

Доколку се оствари продажбата на овој фудбалски клуб, тоа би била најголемата трансакција во целиот свет во историјата на спортот. Како потенцијални купувачи се споменуваат најбогатиот британец, Џим Ретклиф, но владеачките фамилии во Дубаи која со тоа ќе им стане конкуренција во Премиер лигата на Абу Даби (Манчестер Сити) и Саудиска Арабија (Њукасл).

Фамилијата Глејзер е сопственик на Манчестер Јунајтед од 2005 година, а последната титула во Премиер лигата ја имаат освоено во 2012 година.

Кој ќе ја продолжи историјата на овој фудбалски клуб останува да видиме, иако има многу заинтересирани и потенцијални купувачи, сепак на крајот сегашните сопственици можеби и ќе отстапат од нивната одлука за продажба на клубот.

Подготвено од М.Н.

About Author