https://www.facebook.com/photo/?fbid=1018947804821541&set=a.292348506254397

21.09.2022 Скопје

Северна Македонија има постигнато значаен напредок во правната заштита на правата на припадниците на националните малцинства преку подобрување на нејзините политики во согласност со Рамковната конвенција, но треба да се подобри практичното спроведување на правата, изјавил Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.

Властите на Северна Македонија ќе продолжат да ја применуваат Рамковната конвенција главно за националните малцинства кои се наведени во Уставот (Албанци, Бошњаци, Роми, Срби, Турци и Власи) иако постои одредена флексибилност за одредени групи кои не се признаени во Уставот.

Ова петто по ред мислење од страна на Советодавниот комитет за Рамковна конвенција за заштита на националните малцинства, се заснова врз информации кои биле обезбедени од владини и невладини извори, вклучувајќи ги и оние за време на нивната посета во Северна Македонија во ноември 2021 година.

Додека меѓуетничките односи се подобрија, етничките и јазичните поделби сепак излегуваат на површината во ова време на криза, затоа одржливоста на стратегијата „Едно опшество за сите“, бара ефективен интеркултурен пристап, која треба да се заснова на поголема политичка поддршка и секако солидно финансирање.

Правната рамка за борба против говорот на омраза и криминалот од омраза исто така е подобрена, но неговата примена се уште останува на слабо ниво, особено на социјалните мрежи каде што овој проблем е навистина сериозен.

Властите се повикани да го зајакнат социо-економското учество на припадниците на националното малцинство, кое живее во рурални средини, преку инвестиции во инфраструктурата на тие области и исто така во можности за вработувања на тие малцинства.

Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства е најсеопфатниот европски договор за заштита на правата на лицата кои припаѓаат на национални малцинства. Неговата имплементација ја следи Советодавниот комитет, кој е составен од независни експерти, а е влезен во сила на 1 февруари 1998 година, договорот денес се применува во 39 држави.

Подготвено од М.Н.

About Author