https://www.flickr.com/photos/latvianmfa/42599892645/in/photolist-27UpzVF-BBJB5z-C3YfLH-C8WunE-27UpAJ4-gaPXk4-p5G13L-rRhHUd-28dNcpJ-KCBRpD-KCBRbn-KCBRhe-BFdQuZ-Bdzwh9-PMB29Q-29hx6zx-2hkSBau-yGqF9B-qU55oE-26wLyyL-26wLk49-29hx2rn-C8M8Dd-29hx2KD-29hx6ec-21c8NT9-qbawej-oU7vTh-yZJVNk-Q1yTgz-xMRGbe-Q1yUYx-C8M7bd-29djrX7-2hjK6CJ-yYW654-E9AurN-rS8Gnj-ryLRCo-rPNtfg-rafvqL-rMVAen-s7fvL6-s7cdVK-rPFmu7-rPEcyb-rPE9J3-oU84eS-rPFnoS-s4XwUA

25.09.2022 Скопје

Владимир Макеи, министерот за надворешни работи на Белорусија, изјавил дека Западот треба да сноси одговорност за пролеаната крв во Украина.

На 77.Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, Макеи во своето обраќање истакнал дека главната причина за руско-украинската војна датира 30 години пред завршувањето на Студената војна, објаснувајќи дека во наведениот период немало официјални договори, туку е склучен само „џентлменски договор“. Макеи, воедно, тврдел дека тоа отворило пат Западот да ја гарантира својата доминација.

Министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеј, се осврнал и на принципот на „неделива безбедност“, кој бара сите членки на Алијансата да делуваат со исто чувство и исто да реагираат кога земја-членка на НАТО ќе забележи закана, истакнувајќи дека НАТО и западните земји ги игнорирале легитимните безбедносни интереси на Русија и Белорусија во потрагата за своето проширување на исток.

Макеи, во своето обраќање, нагласил дека Западот колективно треба да сноси одговорност за пролеаната крв во Украина, затоа што голем број земји сакале да создадат полицентричен или мултиполарен свет во кој никој нема на другите да им ја наметнува сопствената визија, интереси и вредности.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author