https://www.flickr.com/photos/aliarda/43691968225/in/photolist-eF6cPD-rKHbmC-rvyPZt-dnbC4Y-rMWhoV-cqaCAo-29yUKWZ-qnGz9u-rKHvUf-qRdiyv-rvsDFA-rN2hBK-qRdkin-51Y1K5-rMTSK7-pm5gJC-djKZ1p-dB1drS-9p4swh-2gvZ42k-oj8XyG-339XCH-rMNjDT-2gXMsrW-q1Cgfn-cLzakh-xQYqLo-2mG9jEQ-2mG5V7F-kMck3-zKN5ya-qnM8U4-rMTAi9-2ih4shE-rtyMnK-bCaKkT-rvrKPQ-rMUfaS-rtGa5t-qR2o2G-MhVBM1-qRe33D-rMW7hH-qnGJT9-rMVGjn-pmhyAD-qR1xuw-rvyKcH-qR21gC-rKHJqs

26.09.2022 Скопје

Стопанската комора соопшти дека сите други земји ги достигнаа бројките од 2019 година во туризмот, а ние сме се уште далеку од нивото пред кризата, нагласувајќи дека бележиме пад од 30 отсто кај странските туристи, а ги немаме искористено ниту потенцијалите на регионалниот и на домашниот пазар, па освен раст на српски, нема зголемување на бројот на други туристи од соседството.

Комората предочи дека само од Холандија, која е пазар од каде со години се реализираат најголем број ноќевања, има намалување од 60 проценти.

Даниела Михајловска, од Комората, изјави дека за напомена е значењето на странските туристи, бидејќи 94 отсто од нив ги оствариле ноќевањата во хотели што значи дека најсилен е ударот кај хотелиерите кои генерираат работни места, како и дека бележиме намалување на бројот на ноќевања за 30%, бидејќи токму странците генерираат ноќевања во хотелите. Воедно, истакна дека хотелите на езерата, во Охридско и Струшо, евидентираат намалување за 140 000 ноќевања.

Според Михајловска, вкупниот број на туристи во однос на 2019-та за периодот јануари – јули е помал за 127 000 или за 260 илјади ноќевања.

Ана Таневска Георгиевска, претседателката на Здружението за угостителство и туризам при Комората, потсети дека единствен сектор што може да ги надомести економските загуби на краток рок, е туризмот. Исто така, Георгиевска информира дека Здружението изготви План за интензивен економски раст и унапредување на извозот преку туризмот.

Таневска Георгиевска напомена дека истражувањата покажуваат дека патувањата во радиус на 600 километри од местото на живеење, во чиста еколошка средина, ќе биде прв избор на туристите во годините кои следуваат. Воедно, додаде дека Северна Македонија како дестинација не го искористи потенцијалот на регионалните пазари, ниту пак на домашниот пазар. Освен раст на бројот на туристи од Србија, од останатите земји во регионот нема зголемување на бројот на туристи, а посочи и дека инвестиција во четири кревети за сместување туристи претставува еквивалент на едно вработување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author