23.09.2022 Скопје
Друштвото на филмски работници соопшти дека годинашниот кандидат на Северна Македонија за наградата „Оскар“ за најдобар долгометражен интернационален филм за 2023 година е македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“, во режија на Теона Стругар Митевска.
Во соопштението на Друштвото на филмски работници стои дека одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.
На престижниот Венециски филмски фестивал, македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“ ја имаше светската премиера.
Подготвено од А.Ѓ.