08.09.2022 Скопје
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на денешната церемонија на одликување, по повод 8 Септември – Денот на Независноста, изјавил дека за да се биде поуспешен меѓу народите треба прво да се врати свеста за личните интереси.
Пендаровски потсетил дека на 8 Септември 1991 година, користејќи го сувереното право на самоопределување е прогласена независна држава, и вклучени сме во културниот натпревар меѓу народите. Според Пендаровски, во овој тежок пат, државата сепак постигнува и успеси но секако и разочарување на македонските граѓани. Енергијата честопати се трошела на меѓусебни обвинувања и опструкции и затоа и ден денес се соочуваме со длабоки поделби во македонското општество.
Претседателот Пендаровски истакнал дека меѓу ретките херои на македонската независност се и спортистите кои со своите успеси не поврзуваат дури и кога народот е длабоко поделен.
По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември, претседателот Стево Пендаровски на денешната свечена церемонија ги обликуваше со орден „8 Септември“ македонските спортисти, Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски.
Подготвено од М.Н.