https://www.facebook.com/photo/?fbid=518175103369789&set=pb.100065012920392.-2207520000..

23.09.2022 Скопје

Македонски научници се дел од тимот што освои прва награда на престижната меѓународна конференција Ubikomp што се одржа во Англија. За време на водечката меѓународна конференција за паметни технологии и уреди-Ubikomp и ISWC 2022 во Англија, македонскиот тим на научници и инженери заедно со своите колеги од Англија, добиле прва награда за најдобра демонстрација на иновативна технологија, паметни очила OCOSense.

Победничката демонстрација покажува паметни очила преку кои со иновативни сензори и Вештачка интелегенција ги препознаваат изразите на лицето, а преку тоа можат да дадат информација за емоционалната состојба и однесувањето на корисникот кој што ги носи очилата.

Извршниот директор и водечки научник во Emteq Labs, д-р Чарлс Ндука, објаснил дека оваа технологија е прва платформа за препознавање на изрази на лицето, и човечките активности во светот.

Тимот на научници и инженери, кои што ги имаат создадено наградените алгоритми за Вештачка Интелегенција во Emteq Labs, од Северна Македонија, го сочинуваат: д-р Христијан Ѓорески, д-р Мартин Ѓорески, м-р Ивана Кипријановска, м-р Симон Станковски, Филип Панчевски и Бојан Софрониевски.

Подготвено од М.Н.

About Author