20.09.2022 Скопје
Фудбалската репрезентација на Македонија ја потврдила и втората ноемвриска контролна пресметка на нашата најдобра селекција.
На 20-ти Ноември на Националната арена „Тодор Проески“ ќе гостува селекцијата на Азербејџан, а три дена претходно исто така на нашиот најголем стадион ќе се одигра пријателска утакмица со Финска.
Македонската федерација беше во преговори и за контролен натпревар со селекцијата на Босна и Херцеговина, но со сојузот на оваа држава не дојде до договор.
Нашата најдобра селекција со истите противници се соочи на контролни натпревари во турски Белек, во Март 2018 година. Портив Азербејџан одиграа со резултат 1-1, а без голови заврши натпреварот со Финска.
Подготвено од М.Н.