https://www.facebook.com/photo.php?fbid=642476580576589&set=pb.100044427579784.-2207520000..&type=3

08.09.2022 Скопје

Република Македонија одбележува 31 година независност, односно од успешно спроведениот Референдум во 1991 година, на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

По повод 8 Септември – Денот на независноста во организација на Владата под мотото „Обединети во слободата“ ќе бидат одржани повеќе свечени и културни активности во целата држава.

Честувањето на денот ќе започне во утринските часови кога премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација, во состав Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем и однос меѓу заедниците, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, Беким Сали, министерот за здравство, како и Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, ќе одадат почит и ќе положат цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

На Денот на независноста – 8 Септември, традиционални се доделуваат и наградите „8 Септември“ од страна на претседателот на државата. Одборот на доделување на државни награди, денес во Собранието ќе врачи награди од областа на спортот за 2022 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници за остварување во областа на спортот.

Во попладневните часови во градскиот парк на „Школка“ ќе се одржи манифестација која ќе вклучува и програма за најмалите, со учество на Театарот за деца и младинци, кои ќе ја одиграат куклената претстава „Лакомата Меца“ по што ќе следат и тактични покажни вежби на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи.

Под мотото „Обединети во слобода“, во организација на Владата, покрај многубројните пригоди и манифестации, за граѓаните ќе бидат и отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии.

На централната прослава за граѓаните организирана е богата музичка програма, а ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на граѓански организации и голем број на соработници.

Подготвено од М.Н.

About Author