https://www.facebook.com/photo.php?fbid=473292871478317&set=pb.100063928230945.-2207520000..&type=3

01.09.2022 Скопје

Србија и Северна Македонија немаат лесен пат кон Европската Унија и имаат многу допирни точки за заедно да работат и заеднички да разменат искуства, поради што двете држави за таа цел ќе потпишат меморандум за соработка за евроинтеграции.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерката за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ, остварија средба во Белград во рамките на Отворен Балкан и Маричиќ по средбата изјави дека со задоволство се прифаќа идејата да се направи меморандум за соработка и тој да се награди во контекст на новата методологија и кога Северна Македонија ги започна преговорите, што ќе биде корисно и за двете држави, затоа што ако работиме заедно ќе можеме да напредуваме побрзо и да имаме подобри резултати за нашите граѓани. Северна Македонија и Србија покажаа многу во реформите и решавањето на тешките прашања, и сметаме дека се покажавме како кредибилен партнер на Европската Унија и покажавме солидарност со ЕУ, изјави Маричиќ на прес-конференцијата по остварената средба.

Српската министерка Јадранка Јоксимовиќ рече дека им честитала на Северна Македонија и Албанија за отворањето на преговорите за членство во ЕУ, и дека Србија земајќи во предвид какви се таа политички барања имала кои го одложиле нејзиниот пат, го разбира тешкиот пат што го измина Северна Македонија и низ што се помина за да ја постигне целта. Јоксимовиќ кажа и дека на Скопје му е понудена секаква помош во преговарачкиот процес со ЕУ и дека утре во рамки на политичкиот дел на Отворен Балкан ќе се одржат важни панели кои ќе се однесуваат на важни проекти, вклучително и на гасниот интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, но и енергетските прашања и снабдувањето со храна.

Подготвено од М.Н.

About Author