05.09.2022 Скопје
Лиз Трас на изборите го победи Риши Сунак и е избрана за нов лидер на Конзервативната партија, и за следен премиер на Велика Британија.
Резултатите се објавени набргу после изборите, Трас освоила 81.326 гласа, наспроти 60.399 гласа за нејзиниот противник Сунак. Досегашниот британски премиер во текот на утрешниот ден се очекува да ја предаде својата оставка на британската кралица Елизабета Втора, а потоа кралицата и официјално ќе ја назначи Трас на функцијата премиер.
Вообичаено е и во практика, новиот премиер да биде поканет во Бакингемската палата за да биде именуван од кралицата, по предлог на владеачката партија, но овој пат ќе се отстапи од таа традиција и кралицата ќе ги прими и Џонсон и Трас во замокот Болморал, кој се наоѓа во Шкотска.
Не е познато зошто кралицата се одлучила на ваков вид на промена, и се уште не е познато дали на настанот ќе бидат присутни медиуми.
Подготвено од М.Н.