05.09.2022 Скопје
Министерот за правда, Никола Тупанчевски, се уште молчи за организираната параполициска структура, која извршила сет на кривични дела за време на манифестацијата на Мечкин Камен. Ова го потенцираа од политичката партија Левица, во соопштение кое било испратено по писмен пат до медиумите. Левица претходно имаше поднесено кривична пријава против началникот на СВР Битола, кој на насилен начин им ги одзел транспарентите на активистите на Левица.
Дополнително била поднесена и кривична пријава против Драган Ѓуриќ и Љупчо Кузмановски кои се припадници на затворската полиција. Имено Ѓуриќ, Кузмановски и Јусуфи координирано им давале наредби на полициските службеници, но и директно на граѓаните, кои што мирно го изразувале својот протест да бидат турнати и повлечени назад.
Со тоа е прекршено законското право за загарантирани слободи и права на граѓаните-право на собир, изразување на мирен јавен протест, слобода на мислата и право на јавно изнесување на мислата. Политичката партија Левица изјавила дека, иако се работело за диригирани насилство од страна на политичката партија СДСМ, чие владеење експлицитно преминувало во диктатура, министерот Тупанчевски до сега требало да превземе мерки за расчистување на ваквите случаи, но бидејќи министерот се уште молчел и тој бил соучесник на тоталитарниот режим на СДСМ, било напишано во реакцијата на Левица.
Подготвено од М.Н.