https://www.facebook.com/photo.php?fbid=638547580976547&set=pb.100044639310154.-2207520000..&type=3

16.09.2022 Скопје

Со кривичната пријава поднесена до Обвинителството против претседателот на Собранието, Талат Џафери, се товари дека намерно и со умисла, сторил тешко кривично дело против изборниот систем „Спречување на избори и гласање“ за кое е запретена затворска казна во траење во најмалку три години, информираше политичката партија Левица и додава дека станува збор за случајот за отфрлањето на Референдумот кој е поднесен од страна на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека пријавениот Џафери се терети дека, намерно и со умисла, преку противуставното, противзаконското и противделовничкото одбивање на уредната граѓанска иницијатива – поднесено од страна на група од 646 граѓани, на пропишаниот образец од страна на Државната изборна комисија – сторил тешко кривично дело против изборниот систем.

Во пријавата се нотира дека со ова свое инкриминирано деликтно дејствие, преку злоупотреба на своите службени овластувања, пријавениот го има ускратено врховното колективно уставно право на граѓаните, како носители на народниот суверенитет, на т.н. директна демократија, свесно спречувајќи нивно непосредно изјаснување по пат на Референдум.

Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре, бидејќи единствено Собранието, во полн состав, на пленарна седница, да одлучува за уредноста или неуредноста на поднесената граѓанска иницијатива – преку носење на подзаконски правен акт наречен Заклучок, стои во соопштението од политичката партија Левица.

Подготвено од М.Н.

About Author