13.09.2022 Скопје
Политичката партија Левица се изјасни во врска со Референдумот, кој е поттикнат од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и изјавиле дека Левица ќе даде парламентарна и теренска поддршка за да се спроведе Референдумот. Иако опозициската иницијатива за задолжителен дополнителен Референдум со кој би престанало важењето на контраверзниот Договор за добрососедство со Бугарија содржи несреќно формулирано референдумско прашање, сепак во духот на семакедонското обединување и јакнење на фронтот против Владата и партиите на СДСМ и ДУИ, Левица се одлучила на ваков чекор.
Со оглед на притисоците и интригите на власта, како и проблематичниот Избирачки список, Левица упатила и јавно предупредување дека евентуалниот непогоден епилог од референдумот, односно немање цензус, не смее да послужи како алиби за идната власт, бидејќи екстремно штетниот договор со Бугарија не смее директно да задира во историјата, јазикот и идентитетот на државата.
Во овој критичен историски момент не смее да се дозволи народотда биде поделен поради ситни работи, изјавиле од Левица, бидејќи тоа ќе биде во корист на крупните работи на власта односно да пристапат кон бугаризација и асимилација на својот народ. Мораме да пружиме сите заедно и сплотено отпор кон овој бесмислен договор и да се заштитиме самите и нашата татковина.
Левица како самостоен политички субјект ќе започне да води своја сопствена предреферендумска кампања, за да има успешен исход на овој значаен процес и успешно ослободување на Македонија и на македонскиот народ.
Подготвено од М.Н.