08.09.2022 Скопје
Кралицата Елизабета II е под медицински надзор во Балморал, откако лекарите сериозно се загрижија за нејзиното здравје, соопштија од Бекингемската палата.
Според шпекулации по англиските медиуми, најблиското семејство на кралицата веќе биле известени за нејзината здравствена состојба.
Соопштението доаѓа откако 96-годишната кралица во вчерашниот ден се повлекла од виртуелниот таен совет, а лекарите ја советувале да одмара бидејќи изгледала многу изнемоштено.
Новата премиерка на Велика Британија Лиз Трас, изјавила дека целата земја е длабоко загрижена за здравјето на кралицата, и порачала дека нејзините мисли и мислите на луѓето од Обединетото Кралство се со нејзиното височество кралицата, и со целото нејзино семејство.
Подготвено од М.Н.