https://www.flickr.com/photos/russiancouncil/5987075463/in/photolist-a84jX2-2n67pNa-dkddkX-2nNNev6-23irP9c-2mQsjHM-2nNNPiH-2nsNiGp-NPmHtV-Sh46vu-Sm8Kya-6LCkPx-2ngMvjF-TqLufw-PZtR5Y-e3Y3S6-2n66UE8-7TigSj-2hmGLCr-oKLJG8-8zgCtJ-2niB8yt-24P5REr-8zgLj9-8zdynD-8zdQwt-2kZAjaf-8zgTfQ-8zdJxx-8zgJrS-8zdv7r-2n2V2vN-sfHitY-q8iw8e-8zuS9d-2nNLD8s-UqSiXf-8zgXXW-8zgSLC-ToH4yW-8zdLiX-sV9HES-2mjpWt5-SvUoQA-TyuJZJ-8zgMdN-8zgNAE-8zdAYk-TJ3yeG-8zgMBs

25.09.2022 Скопје

Сергеј Лавров, шефот на руската дипломатија, во своето обраќање на 77. годишна сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации го обвини Западот за русофобија без преседан.

Во своето обраќање, Лавров истакна дека западните сили не се двоумат да ја објават својата намера не само да нанесат воен пораз на Русија, туку и да ја уништат. Воедно, се осврна и на осудата од Западот, посебно од САД, на референдумите за присоединување со Русија што се одржуваат во украинските региони по руска контрола. Лавров објасни дека за него референдумите значат дека локалните жители ја враќаат земјата каде што нивните предци живееле стотици години.

Шефот на руската дипломатија ги обвини САД дека се обидуваат да го претворат целиот свет во нивни двор.

Во врска со светската криза, Лавров смета дека кризата укажува на крај на хегемонијата на САД и можност за транзиција кон праведен и демократски мултилатерален светски поредок. Воедно, Лавров смета дека збогатувањето на Западот на сметка на ресурсите на Азија, Африка и Јужна Америка е минато.

Лавров, во своето обраќање, го обвини Западот и за кризата со храна и енергија, објаснувајќи дека таа настанала како резултат на неконтролираните монетарни емисии во САД и ЕУ за време на пандемијата и неодговорните постапки на ЕУ на пазарите на јаглеводороди, а само се продлабочува.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author