17.09.2022 Скопје
Културно – информативниот центар на Северна Македонија во Софија ќе учествува во одбележувањето на Европскиот ден на јазиците – 26 Септември. На македонскиот штанд во Софија на плоштадот „Славеиков“, познатиот режисер и актер од Штип, Георги Георгиев – Антика во текот на денешниот ден ќе прикажува македонски песни кои ќе го привлекуваат вниманието на сите посетители.
Посетителите ќе добиваат брошури и каталози од Македонија за македонската култура и јазик. Културно – информативниот центар во Софија по шести пат учествува на овој значаен и културен настан. На оваа манифестација секоја година учествуваат и културни центри на Чешка, Полска, Шпанија и Италија.
Полскиот културен центар во Софија, годинава отстапил дел од својот простор на Украина, каде што има книги кои се поврзани со културата на земјата.
Покрај режисерот и актерот Георги Георгиев – Антика од Штип, со него на настанот присутен бил и неговиот колега Пламен Великов.
Подготвено од М.Н.