25.09.2022 Скопје
Денеска, Кубанците на референдум ќе одлучат дали сакаат истополови бракови и сурогат мајчинство.
Кубанците првпат со гласање ќе донесат одлука за некој закон и повеќе од осум милиони Кубанци, постари од 16 години, имаат право на глас. За усвојување на Законот потребни се повеќе од 50 отсто од гласовите, а ќе стапи во сила на денот кога ќе бидт познати резултатите од референдумот.
Со Законот за семејство треба да биде сменет Законот од 1975 година, кој го дефинира бракот како заедница помеѓу маж и жена. Додека Законот за семејство дозволува истополови бракови и сурогат мајчинство, но им дозволува и на истополовите парови да посвојуваат деца и им се даваат родителски права на небиолошките родители.
Владата на Куба сакаше да го смени Уставот во 2019 година, но го повлече предлогот поради тоа што кубанската Католичка црква тврди дека „детето има право на татко и мајка“.
Подготвено од А.Ѓ.