https://www.facebook.com/photo.php?fbid=595136598634806&set=pb.100044154143688.-2207520000..&type=3

06.09.2022 Скопје

Борис Џонсон го напушти замокот Балморал во Шкотска откако се сретна со кралицата Елизабета Втора.

Бакингемската палата објави дека монахот ја прифатил оставката од премиерот Борис Џонсон, по што Џонсон и неговата сопруга Кери поминале некое време, односно околу 40 минути со кралицата Елизабета Втора, пред да ја напуштат палатата во Шкотска.

Се очекува сега Лиз Трас да се упати во замокот за да оствари средба со кралицата каде што официјално ќе биде именувана за следен премиер на Велика Британија.

После именувањето за премиер на Велика Британија, Лиз Трас ќе се врати во Лондон каде треба да одржи говор пред Даунинг Стрит.

На крајот новата премиерка на Велика Британија, нејверојатно ќе избере нов кабинет, од каде ќе ги врши обврските кои ќе и бидат зададени за доброто на целата нација.

Подготвено од М.Н.

About Author