20.09.2022 Скопје
Владината прес-служба информираше дека премиерот Димитар Ковачевски, утрово по локално време, ќе присуствува на отворањето на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Премиерите и шефовите на државите ќе ги пречека генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. Со ова почнува генералната дебата на 77-то Генерално Собрание на Обединетите Нации. Годинашната сесија на Генералната асамблеја на ОН е со тема „Трансформативни решенија на испреплетени предизвици“, во рамки на 77-то Генерално Собрание кое е фокусирано на темата „Решенија преку солидарност, одржливост и наука“.
Предвидено е премиерот Ковачевски, заедно со останатите негови колеги од Западен Балкан да присуствуваат и на работен ручек, организиран од Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија.
Подготвено од А.Ѓ.