03.09.2022 Скопје
Делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски во понеделник ќе престојува во еднодневна работна посета на Софија поврзана со енергетската криза.
Работната посета на премиерот Ковачевски и делегацијата од ресорите економија и енергетика, како што информирале од владината прес-служба, е за справување со последиците со светската енергетска криза.
Премиерот Димитар Ковачевски во Софија ќе замине од Белград, каде ја предводеше владината делегација на Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“ кој се одржуваше од 1 до 4 септември на Белградскиот саем.
Подготвено од М.Н.