https://www.facebook.com/photo.php?fbid=517364657059621&set=pb.100063582736486.-2207520000..&type=3

22.09.2022 Скопје

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со својата сопруга Елена Ковачевска, присуствувал на свечен прием за претседатели на држави и влади, кој бил организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден. Приемот кој бил во организација на Бајден, се одржал во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

Присуството на премиерот Ковачевски на приемот кој е организиран од претседателот Бајден е само уште една потврда на долгогодишното стратешко партнерство на Северна Македонија со САД, како и поддршката која како држава ја добиваме во исполнување на клучните цели, но исто така и за резлизација на предвидените приоритетни политики за економски, социјален и демократски просперитет на Северна Македонија.

Придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО и стртешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, се од многу големо значење за нашата држава особено во овој период на глобална економско-енергетска криза со која моментално се соочува целиот свет.

Подготвено од М.Н.

About Author