22.09.2022 Скопје
Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во Њујорк остварил билатерална средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов. Тема на разговор на состанокот бил во фокус на енергетската криза и можноста за соработка во делот на обезбедување на енергенси и можноста за приклучување на гасоводната мрежа.
На состанокот било истакнато дека воените дејствија на Русија врз Украина се една од големите причини за енергетската криза во светот но дека оваа состојба најмногу се чувствува во Европа, бидејќи има драстично зголемување на цената на гасот.
На состанокот Бајрамов истакнал дека Азербејџан придонесува во надминувањето на енергетската криза, преку развивање на сега постоечките гасоводи. На состанокот дускутирале и за тоа дека ЕУ се насочува кон сигурни снабдувачи на енергија, а Азербејџан е еден од тие извори, преку проширување на Јужниот гасен коридор со удвојување на испораките на гас до Европската Унија.
Премиерот Ковачевски истакнал дека со интерконекторот за гасно поврзување со Грција, Северна Македонија ќе биде поврзана со транс јадранскиот гасовод и на тој начин гасот од Азербејџан да стига до пазарот во државата. Средбата во Њујорк меѓу премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи на Република Азербејџан, Џејхун Бајрамов, била искористена за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји во различни сфери.
Подготвено од М.Н.