https://www.facebook.com/photo/?fbid=639381604222237&set=pb.100044512086347.-2207520000..

23.09.2022 Скопје

Косовскиот премиер, Албин Курти, во интервју за национална телевизија изјавил дека не е исклучена можноста конфликтот во Украина да се одрази на Западен Балкан.

Курти потсетил дека косовските безбедносни сили минатата година, со 330 војници, учествувале во Бранител-Европа 21, кој бил најголем потфат на НАТО во последните неколку децении.

Курти кажал дека на српската премиерка Ана Брнабиќ и дозволил да го посети Косово и дека се надева дека српската премиерка за време на посетата има видено дека Косово е нормална земја со многу повеќе демократија од Србија.

Курти изјавил дека ќе учествуваат и на Бранители-Европа 23, и таму ќе покажат дека се во согласност со демократскиот Запад, и доколку Белград и Кремљ имаат на план нешто да направат ќе треба двапати да си размислат за таа опција.

Подготвено од М.Н.

About Author