01.09.2022 Скопје
Премиерот на Косово, Албин Курти, присуствуваше на промоцијата на заеднички буквар за првооделенците вo Косово и Албанија.
Курти за медиумите изјавил дека албанскиот народ знае дека „обединувањето (на двете држави) е неопходно“. Косовскиот премиер кажа дека обединувањето е неопходно и тоа народот го знае, тоа е за добро на нацијата, и за чекорењето на народот напред. Како и во разни историски периоди, ние сме тие кои сега треба да го продолжиме заживувањето на политичката идеја, почнувајќи од заедничките едукативни и образовни активности, кажа косовскиот премиер Курти.
Подготвено од М.Н.