15.09.2022 Скопје
Амбасадорката на Франција во Софија, Флоренс Робин, изјавила дека сите заедно со Европската Унија работеле за историските проблеми меѓу Бугарија и Северна Македонија. Робин изјавила дека со целосно внимание се ислушани и едната и другата страна и вели дека успеале да постигнат компромис кој ќе ја гарантира иднината и пријателството меѓу двата народи.
Според Робин, Европа во овој момент треба и мора да биде обединета пред огромните предизвици кои што ги носат многуте кризи со кои се соочуваме.
Амбасадорката Флоренс Робин, истакнала дека иако сите народи се различни, треба да се обидат заедно да функционираат и да се помагаат, а со тоа сите ќе бидат заштитени од кризите и само така обединети ќе мозе да се движат заедно напред кон успесите.
Подготвено од М.Н.