22.09.2022 Скопје
Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација информираа дека имаат добиено тринаесет претставки од страна на бугарски здруженија и граѓани кои се Бугари. Најчесто се однесувале на говор на омраза по социјалните мрежи, а имале и една претставка за дискриминација на работа и работни односи.
Игор Јадровски, од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, изјавил дека заклучно со јуни, имаат добиено 13 претставки, коишто се однесуваат на дискриминација на основа на етничка припадност и нагласи дека во два случаи имаат утврдено вознемирување, во еден немаат, а осум претставки се во тек и имаат претставки, коишто се отфрлени заради неуредност.
Законот кажува кои се основните работи, коишто треба да ги содржи една претставка за да може Комисијата да постапува и ако не ги содржи тие елементи Комисијата ја враќа на доуредување и ако подносителот не ја доуреди, Комисијата ја отфрла.
Јадровски нагласил дека овие претставки ги третираат како и сите останати, кои пристигнуваат до Комисијата, а најголемиот дел од претставките се од областа на работни односи, потоа за пристап до добра и услуги, како и пристап до здравствени и социјални услуги.
Подготвено од А.Ѓ.