https://www.facebook.com/ustaven.oficijalna.stranica/photos/a.102609862302690/102614638968879

14.09.2022 Скопје

Собраниската комисија за прашања на избори и именувања денеска ја прекина седницата, на која требаше да продолжи расправата за кандидатурата за уставен судија за Љубомир Јовески, кој е актуелен републички јавен обвинител.

Седницата била прекината по барање на заменик координаторката Дафина Стојановска од ВМРО – ДПМНЕ, која кажала дека треба да оди на координација. На почетокот на денешната седница, пратениците од опозицијата упатиле критики до претседателката на Комисијата, поради што по најавената пауза од 15 минути, седницата воопшто не била продолжена.

Од тука се поставува прашање за тоа кој ја кочи работата со оваа собраниска Комисија, кога Јовески треба да се прогласи за уставен судија, и според пратеничката Марија Петрушевска, ситуацијата јасно покажувала дека погаен е деловникот, Уставот и Етничкиот кодекс.

Претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска, изјавила дека за следното продолжение на седницата, дополнително ќе бидат информирани од страна на матичната комисија.

Инаку, Љубомир Јовески е последниот кандидат за кој треба да расправа Комисијата, Уставниот суд повеќе од една година веќе работи во нецелосен состав, од предвидени девет члена, на четворица им е истечен мандатот, и останува да се види дали на следната Комисиска расправа, Уставниот суд ќе се комплетира во полн состав.

Подготвено од М.Н.

About Author