18.09.2022 Скопје
Денес, во Скопје, се одржа првиот КОЛОР РАН 2022. Оваа трка е посебна затоа што може да учествуваат и професионалци и почетници, индивидуалци, друштва и семејства, како и децата од 2 до 12 години.
На трката учествуваа над 3 000 учесници, навивачи и публика. Трката КОЛОР РАН 2022 е посебна затоа што може да учествуваат и професионалци и почетници, индивидуалци, друштва и семејства, како и децата од 2 до 12 години. На трката Уника – долж реката Вардар на 10 км учествуваа професионални натпреварувачи, додека пак, на трката Комерцијална банка од 2,5 км учествуваа екипи за тим билдинг, а децата истрчаа 500 метри.
Трката стартуваше на улица „Беласица“ пред Ист Гејт Мол, а тркачите имаа финиш низ светлиот долг булевар на Ист Гејт Мол се до амфитеатарот, каде се доделуваа медалите.
Сите учесници на КОЛОР РАН трката се забавуваа со исфрување на природни бои во воздухот, кои се користат како симболика на успехот и животната енергија.
Трката КОЛОР РАН е основана во 2011 година и беше првиот настан во светот COLOR 5K и COLOR DASH. Со создавање трка која повеќе се однесува на спомените што се создаваат, отколку на секоја милја во минута, трката КОЛОР РАН го прави трчањето достапно за секого, без разлика на искуството и способноста на поединецот. Трчањето во боја е настан долг пет километри, без ограничено време. На секој остварен километар, Колор тркачите се преливаат од глава до пети во различна боја во прав. Учесниците носат маици во бела боја на стартната линија и ја звршуваат трката обоени. Откако трката ќе заврши, забавата продолжува на Финиш фестивалот, голема забава опремена со музика, танцување, фотографирање, кабини за активности, продавачи и помасивни фрлања на бои, кои создаваат милиони живописни комбинации на бои.
КОЛОР РАН, познат и како најсреќните 5К на планетата, е уникатен настан кој со слави здравјето, среќата и индивидуалноста. Воедно, КОЛОР РАН трката ја доживеале над 6 милиони тркачи ширум светот во 35+ земји. Додека пак, мисијата на оваа трка е да ги зближи луѓето и да го направи светот посреќно, поздраво место.
КОЛОР РАН настанот е познат и по донирањето. До денес, има донирано повеќе од 5 милиони долари во добротвотни цели. Како профитна компанија за управување со настани, сакаат да добијат можност да соработуваат со добротворен партнер, за да помогнат да ја расветлат нивната неверојатна работа. Имаат работено со повеќе од 80 локални и национални добротворни организации од 2012 година.
Подготвено од А.Ѓ.