https://www.flickr.com/photos/ennler/15120694388/in/photolist-p3avDo-2gQsbkm-2nH2QmW-2nm5BpA-63gz3i-rGUaqV-2nmH4Fv-2n1SahG-2n1hUX9-e5wi46-2nqDnfB-63gz1R-63kPdG-2id9jAR-QdyBTM-mBMnAv-uucdvm-2n9LY89-2nqpRPv-vqheFv-2nfY7aY-2cjsMki-2mMhxrL-ZwijtN-qokM9J-YbuE2i-pgWLdD-2mtkyEf-2mFoLhK-2nqNocL-pN6kqs-opNxnD-eJXsfZ-299nUJw-brEJJ7-2nqH2p2-goHBZX-goHvkU-2hKjC2K-2nqDs5y-goJ66F-goJ8kw-goHKWt-2njQjU5-2nqNpB4-2mQ7YTq-TxoJty-drWNuU-2makUpV-ZL3ZBm

11.09.2022 Скопје

Кинескиот претседател Си Џинпинг, упатил честитки на новиот британски крал Чарлс III поради неговото доаѓање на престолот по смртта на кралицата Елизабета Втора. Претседателот Си истакнал дека е подготвен да соработува со кралот Чарлс, за промовирање и меѓусебно разбирање на двете земји и на двата народи и да ги зајакнат комуникациите за зедничките прашања на глобално ниво.

Кинескиот претседател Си Џинпинг исто така потсетил дека токму оваа година ќе се одбележат цели 50 години откако се воспоставени дипломатските односи помеѓу двете земји.

Британска агенција пак наведува дека односите меѓу Лондон и Пекинг се имаат влошено во текот на изминатата деценија и дека новата премиерка на Велика Британија, Лиз Трас, е една од најжестоките критичарки на Кина. Останува да се види понатаму, дали овие односи ќе бидат ставени во нормала со владеењето на новиот крал Чарлс.

Подготвено од М.Н.

About Author