https://www.flickr.com/photos/161807692@N02/43414353402/in/photolist-299nUJw-brEJJ7-nEX6ik-pWbyej-ZL3ZBm-9RbuqZ-9Rbusg-TxoJwu-zM1sKn-pp6ENL-92o7Pa-2nHtoqw-QVhZbj-2fjxStR-2ndHVo2-2nhxdaB-zU6tdF-2nd1Erk-2jwRXnd-EWgZbM-eFLfA5-2hLRY7Y-2nqNgzf-2nppvQ3-2nppjr9-21yEbVN-2ndgSrW-2nqH46i-2ncYLJS-2fjxTsV-2db6MK9-mkxihc-2njdAu5-2n1gcUy-2n1eXt5-AKQLvG-2dVExy2-Suoimm-2ncYwYi-2ik59ub-Suoibw-2fjxTor-2gctevG-SLJXUv-SuoidW-2n9n6vy-2nmH4Fa-akFp8K-sNWJ23-t4c9t3

16.09.2022 Скопје

Од Ватикан и соопштиле на Кина дека папата Франциско сакал да се сретне со претседателот на Кина, Си Џинпинг, додека двајцата ќе престојувале во главниот град на Казахстан, но Кина одговорила дека немала доволно време за таква средба.

Од страна на извесен извор, не се наведуваат никакви детали за тоа како и кога Ватикан пристапил на Кина, со која е вклучен во чувствителен дијалог за статусот на Римокатоличката црква во Кина.

Ватикан покажал отвореност, кинеската страна изјавила дека го цени гестот, но дека претседателот Си Џинпинг нема воопшто слободно време.

Папата и кинескиот претседател Џинпинг, во текот на вчерашниот ден биле присутни во Нур – Султан, Џинпинг бил во официјална посета, а папата учествувал во Конгресот на светските верски водичи.

Доколку се оствари средба меѓу папата и претседателот на Кина, Си Џинпинг, колку и да биде кратка, би била историски момент.

Папата се обиде да ги подобри историските лоши односи меѓу Светата столица и Кина и во едно интервју за национална телевизија, рекол дека се надева дека ќе го обнови таниот и контроверзен договор за назначување римокатолички бискуп во Кина.

Подготвено од М.Н.

About Author