30.09.2022 Скопје
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Москва нема да преговара за одлуката на републиките Донбас, Херсон и Запорожје.
Москва е подготвена за разговори со Киев, изјави претседателот на Русија, Владомир Путин, на церемонијата за потпишувањето на договорите за припојување на украинските области Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје кон Руската Федерација.
Путин во своето обраќање кажа и го повика Киев да ги прекине сите непријателства, да ја запре војната која ја почна во 2014 година и да се врати на преговарачката маса. Москва нема да го издаде народот кој сака да стане дел од Русија, народот јасно ја има кажано својата одлука, истакнал Путин.
Путин го повика Киев да се однесува со почит кон слободниот избор кој ги има направено народот на тие четири територии, тоа е единствениот начин за мир, додаде Путин на церемонијата на која што ги потпиша договорите за припојување на украинските области кон Руската Федерација.
Путин, исто така, истакна дека Русија ќе ја брани својата територија користејќи ги сите расположливи средства и дека ќе направи се за да осигура безбедност на својот народ.
Подготвено од М.Н.